ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Посебен сообраќаен режим за празникот Водици – еве кои улици ќе бидат затворени!

Сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19 јануари, понеделник, СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на неколку улици во градот.

  • Во центарот на Скопје, ул. „Филип Втори Македонски“ ќе биде затворена помеѓу бул. „Гоце Делчев“ и ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
  • Во општина Ѓорче Петров, затворени ќе бидат делници околу црквите „Свети Петар и Павле“ и „Свети Пантелејмон“, како и ул. „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на Вардар.
  • Во Аеродром, локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче ќе биде затворен.

СВР апелира на внимателно следење на инструкциите од полициските службеници.