Денеска снег над Македонија – еве кои делови ќе бидат покриени со бело!

Денеска времето ќе биде променливо облачно, со магла по одделни котлини претпладне. Во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Ветровите ќе дуваат слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 1, а максималните ќе достигнат од 6 до 12 степени.

Во Скопје, претпладне магла, попладне сонце. Температурите ќе се движат од -1 до 7 степени.

За викендот, очекувајте променливо облачно време со локални врнежи од дожд, а на планините снег. Пообилни врнежи ќе има во понеделник, кога снегот ќе се спушта и на пониски места.

Преодно стабилизирање се очекува во вторник, но од среда нови врнежи од дожд и снег на планините повторно ќе го направат времето динамично.