ФИРМА ФАТЕНА НА ДЕЛО: Нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела стока – МВР со детали!

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координација со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, открија фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока.

При претресот биле пронајдени 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240.000 денари. Царинските инспектори ја заплениле стоката и поднеле кривична пријава против едно правно и едно физичко лице за сторено кривично дело прикривање стоки и царинска измама.

Фирмата вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца, внесувајќи пратки преку граничен премин без пријава кај царинските органи и складирајќи ги во свој магацин, со цел да ги достави до нарачателите за наплата.

Царинската управа најавува продолжување на засилените контроли и координирани акции за откривање и спречување на сите облици на криумчарење и незаконско работење, за заштита на државните финансиски интереси и обезбедување фер конкуренција.