Затворска контрола во „Идризово“ – еве што се пронајде полицијата!

Од СВР Скопје информираат дека во текот на вчерашниот ден е откриена дрога во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Како што соопшти полицијата, во 17:00 часот од управата на затворот било пријавено дека во пералната на установата, при редовна контрола, во облека на осудено лице била пронајдена марихуана.

За настанот веднаш биле известени надлежните служби, а по откривањето се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дрогата се нашла во затворската установа.

Повеќе детали се очекуваат по завршување на истрагата.