Украинските сили го поразија руски генерал: Абачев изгуби рака и нога во напад

Украинските специјални сили објавија видео и детали од операција во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев бил тешко ранет на руска територија, јавува „Украинска правда“.

Нападот се случил пред една недела, пет километри од градот Риљск во Курската област, кога украинските единици погодиле возило во кое се наоѓал Абачев, заменик-командант на руската група „Север“. Поради сериозноста на повредите, генералот бил итно префрлен во Москва, каде му биле ампутирани раката и ногата.

Абачев е ветеран на бројни воени операции, од Втората чеченска војна, руската инвазија на Грузија во 2008, до воена кампања во Сирија, и од почетокот на инвазијата на Украина командувал со Вториот армиски корпус на самопрогласената „Луганска Народна Република“. Украинската страна го поврзува со воени злосторства против цивили во Лисичанск.

ВИДЕО