Денес се одбележува Светиот маченик Евпл – храброст и вера пред лицето на мачење

Денес се слави Светиот маченик Евпл, ѓакон од Катана во Сицилија, кој храбро ја исповедаше својата вера во времето на гонителите на христијаните, предводени од царот Диоклецијан. Во тоа време, Евпл бил обвинет дека пренесува и чита Светото Евангелие кај потајни христијани. По апсењето, книгата му била обесена на вратот и бил затворен седум дена без храна.

За време на мачењето со железни стапови, Евпл се потсмеваше на мачителите, велејќи дека маките се како лесна играчка благодарение на Божјата помош, повикувајќи ги да пронајдат посилни маки ако можат. На крајот, тој бил изведен на губилиштето и убиен со меч, а неговата храброст придонела многумина да се обратат во Христовата вера.

Свети Евпл се преселил во Царството Небесно во 304 година, а неговите чудотворни мошти почиваат во едно село близу Неапол, сведочејќи за неговата непоколеблива вера и жртва.