(ВИДЕО) Шок сцени во Штип: Натпревар на деца прекинат по брутален напад од родители врз деца

Фудбалски натпревар од пионерската лига во Штип прерасна во жесток инцидент, откако навивачи и родители од гостинскиот тим Шкупи влегоа на теренот и физички нападнаа млади играчи на Брегалница.

Инцидентот се случил во последната минута од дуелот на генерација 2010, по прекршок меѓу фудбалерите. Еден од напаѓачите со клоци удирал по двајца деца, а по тоа на теренот влетала и домашната публика, што довело до општа тепачка.

Двајца млади фудбалери на Брегалница со тешки повреди биле пренесени во Клиничката болница во Штип, а полицијата привела едно лице против кое ќе биде поднесена пријава.

Натпреварот се прекинал при резултат 2:1 за Брегалница. Од клубот бараат ФФМ да воведе строги санкции и да се спречат вакви опасни примери кои оставаат трага врз најмладите спортисти.