ЕКСКЛУЗИВНО: Оваа група вработени од денес добива неверојатна привилегија – бенефициран стаж

Вработените во Шумската полиција од сега ќе уживаат бенефициран стаж, соопшти заменик генералниот директор на ЈП „Национални шуми“ Кире Михаилов. Според него, ова е резултат на години труд и заложби, а прашањето долго време „стоело на маса“ без решение.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП), Мартин Ефремов, истакна дека ова е голем успех за колегите од шумската полиција, кои останале доследни во борбата за израмнување на правата со колегите од МВР. Тој потенцира дека постигнувањето е плод на тимска работа и решителност, и дека наскоро се очекуваат и нов колективен договор во МВР, како и нов Закон за судска служба.

Според Михаилов и Ефремов, ова е значаен чекор напред кој ја признава посветеноста и улогата на шумската полиција, по долго време на нерешени прашања и административни кочења. Работниците и синдикатот прославуваат ова остварување како долгогодишен успех.