АЛАРМАНТНО: Расте бројот на тинејџери со проблеми од коцкање – дали вака треба да изгледа младината?

Истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) открива загрижувачки тренд во коцкањето меѓу учениците во Македонија:

  • 25% од средношколците се коцкале за пари во изминатите 12 месеци.
    21% во физичко присуство.
    15% онлајн.

  • 21% во физичко присуство.
  • 15% онлајн.
  • Значајни се разликите по пол:
    Момчињата: 30% во живо, 21% онлајн.
    Девојчињата: 12% во живо, 9% онлајн.

  • Момчињата: 30% во живо, 21% онлајн.
  • Девојчињата: 12% во живо, 9% онлајн.
  • Иако вкупната преваленца на коцкањето е намалена од 31% во 2015 на 25% во 2024, се забележува раст на проблематичното коцкање:
    Од 4,5% во 2019 на 7,6% во 2024.
    Кај момчињата 9,3%, кај девојчињата 4,1%.

  • Од 4,5% во 2019 на 7,6% во 2024.
  • Кај момчињата 9,3%, кај девојчињата 4,1%.

Истражувањето е дел од проектот ЕСПАД, спроведено на национално репрезентативен примерок од 2.831 ученик на возраст од 15 и 16 години.

ИЈЗ предупредува дека овие податоци укажуваат на сериозен ризик за менталното и социјалното здравје на младите, со посебен акцент на растечкиот проблем со зависност од коцкање.