(ВИДЕО) ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТ: Се судрија два шлепера, делови расфрлани по коловозот!

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 15 часот на автопатот „Милош Велики“, во близина на Уб, во правец кон Чачак.

Како што објавува Инстаграм-страницата „192_rs“, во сообраќајката учествувале два шлепера. По судирот, делови од возилата биле расфрлани по коловозот, што предизвикало сериозно отежнато движење на сообраќајот.

Засега нема официјални информации за состојбата на возачите и за евентуални повредени лица, а надлежните служби се на терен и работат на расчистување на местото на несреќата и нормализирање на сообраќајот.

ВИДЕО