Голем пожар во Куманово: Плац во пламен, повеќе возила изгорени за неколку минути

Синоќа во Куманово избувнал голем пожар кој започнал на сува трева, а потоа зафатил и плац на улица „Народна Револуција“, каде биле паркирани патнички и товарни возила. Пламените целосно уништиле автомобили, камиони, автобуси, минибус и приколка во сопственост на неколку приватни фирми.

Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен околу 23:51 часот, по што екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово веднаш интервенирале и успеале да го изгаснат огнот.

Иако нема повредени лица, причинета е голема материјална штета. Причините за пожарот засега не се познати, а истрагата е во тек.