Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно е во центар на внимание, откако неговиот политички ривал Петер Маџар објави фотографии од неговиот одмор на хрватскиот остров Брач.

Најголемо внимание привлече јахтата на која бил снимен Орбан – специјално дизајнирана во 2022 година, долга 17 метри, со шест кабини, три бањи и капацитет за 12 лица. Но, она што најмногу провоцира е нејзиното име – „Hot Stuff“ („Жешка работа“).

Орбан пристигнал со приватен авион, а по престојот на Брач, заминал на Вис. Ова не е првпат унгарскиот премиер да го избере токму Јадранот за летување.





