Страшна експлозија во Скопје – овие делови од градот останаа без парно!

ЕСМ Снабдување со топлина информира дека во моментов е прекината испораката на топлинска енергија за потрошувачи во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. Причината е дефект на дистрибутивната мрежа.

Екипите на ЕСМ веќе се на терен, со цел да го лоцираат дефектот и да го изолираат, за да се воспостави нормално снабдување со топлина.

За дополнителни информации, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви:
📞 02 3076 200
📞 075 400 100

Според неофицијални информации, прекинот настанал поради експлозија на цевка, што го оставило поголемиот дел од Скопје без парно греење.