Хорор: Автомобил влета во толпа пред Кралската палата – двајца тешко повредени

Денеска во срцето на Стокхолм се случи драматична несреќа која предизвика паника кај случајните минувачи. Автомобил со голема брзина влетал во толпа луѓе пред самиот влез на Кралската палата. Според првичните информации, две лица се здобиле со тешки телесни повреди и веднаш биле пренесени во болница.

Инцидентот се случил околу 16:30 часот, а на местото пристигнале полициски екипи, брза помош и пожарникари. Возачот на автомобилот не се обидел да избега – останал на местото и соработувал со властите. Тој е уапсен и се товари за несовесно возење и нанесување тешки повреди.

Иако сцената изгледала како терористички напад, полицијата ја отфрли таа можност и потврди дека несреќата не била предизвикана намерно. Истражителите продолжуваат да собираат докази за да се утврдат точните околности под кои дошло до овој шокантен настан.