ШОКАНТЕН ИНЦИДЕНТ: 16-годишник со автомобил удрил во пешак – полицијата со детали!

Сериозна сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 22:30 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, информираат од СВР Скопје.

Според официјалните информации, патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишно лице од Скопје, удрило во пешакот М.И. (57), исто така од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му е укажана медицинска помош.

На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надлежните органи продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности под кои дошло до овој сериозен инцидент.